Балканската водна мрежа во рамки на Повикот за мониторирање на степенот на спроведување на изборните ветувања на политичките партии, ја реализира активноста “БОРБАТА ПРОТИВ МЕНСТРУАЛНАТА СИРОМАШТИЈА – НЕОСТАВРЕНО ИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ” како дел од проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС), со буџет во висина од 172.000 денари.

Целта на овој проект е да се мобилизира и едуцира заедницата во барање на  одговорност и транспарентност од избраните советници за нивните предизборни ветувања преку мониторинг за отчетноста и реализацијата на изборното ветување на ДОМ за искоренување на менструалната сиромаштија.

Имено водејки се од истражувањата на ГОии за состојбата со менструалната правда и менструалната сиромаштија во Северна Македонија , кандидатите за советници на град Скопје од редовите на ДОМ се залагаа за искоренување на менструалната сиромаштија. Една од алатките за тоа беше секое девојче вклучено во редовниот образовен процес да добива бесплатен пакет на менструални производи секој месец.

Во предизбоната програма, во делот кој се однесува на правата на жената , како и во НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2021-2026, ветуваат дека ќе се изборат за искоренување на менструалната сиромаштија.

Во меѓувреме, во изминатата година советничката од редовите на ДОМ се избори во минатогодишниот буџет да влезе ставка за бесплатни менструални производи за секоја ученичка од средните училишта на територија на Скопје. Но, досега ниту една ученичка нема добиено бесплатен пакет менструални производи.

И оваа година, истата советничка од редовите на ДОМ побара, сега дупло 64.000 евра за купување менструални пакети за ученичките од средните училишта и предлогот повторно беше прифатен, но е непознато дали овој пат буџетот ќе се реализира.

Цели на проектот се:

а) мониторинг на имплементација на изборното ветување за искоренување на менструалната сиромаштија и начините на кои планирале тоа да го остварат

Б) едукација на локалното население/младите/девојчињата како да го остварат своето право на отчетност за изборните ветувања

Од БВМ ќе се потрудиме преку остварување на целите да дојдеме до резултати кои ќе бидат померливи и конкретни. Предвидено е:

  • Р1: Анализа на состојбата со предложеното ветување за искоренување на менстуалната сиромаштија
  • Р2: Јавни дебати со учество на ученички од средните училишта на кои им беа ветени бесплатни пакети менструални производи (во 5 средни училишта со учество на по 30 ученички и наставници или вкупно 150 лица)
  • Р3: Трошковна анализа колку ќе го чини град Скопје ветувањето за бесплатни менструални производи на годишно ниво  

Во насока на добивање на информации за спроведување на мониторинг на реализација на изборното ветување ќе користиме неколку од алатките за отчетност:

  • А1: Интервју со советничката од ДОМ за предлогот и зошто неа реализација на минатогодишниот буџет.
  • А2: Анализа на веб страната на општината да се види дали е распишан тендер за набавка на менструални производи
  • А3: Подготовка на трошковна анализа за бесплатни менструални пакети за ученичките од средните училишта
  • А4: Барање информација од Агенцијата за правото на пристап до информации од јавен карактер зошто од буџетот не се купени предвидените и одобрени пакети за менструално здравје

По спроведениот мониторинг ќе ги споделиме резултатите од истиот, а ќе користиме 3 канали за дисеминација и тоа:

-Активност за дисеминација 2.1: Споделување на информации за резултатите од истражувањето на социјалните мрежи  преку инфографици, видеа и спонзорирани реклами.

-Активност за дисеминација 2.2: Организирање на герила акција пред Град Скопје. Во неа предвидено е да учествуваат ученички од средните училишта, кои не ги добија ветените менструални производи. Тема на герила акцијата ќе биде транспарентност во однос на изборните ветувања, како и во однос на реализацијата на ветувањата.

-Активност за дисеминација 2.3: Прес конференција – Media show room на која за изборните ветувања и нивната реализација новинарите ќе може да се информираат преку информации кои ќе бидат поставени на производи кои асоцираат на темата.

Корисници на ова истражување ќе бидат претставниците на Советот на град Скопје, претставници на политичките партии, Комисијата за родова еднаквост, ГОии кои работат на оваа проблематика, медиумите, младите и нивните родители кои требале да бидат корисници на предложената мерка.