Трошковна анализа на цената на менструалните производи за потребата на средношколките на територија на Град Скопје

Од 1 февруари до 15 јуни 2023 година, Балканска Водна Мрежа ја спроведува иницијативата „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување“.

Целта на оваа иницијатива е да се мобилизира и едуцира заедницата во барање на  одговорност и транспарентност од избраните советници за нивните предизборни ветувања.

Подцели на иницијативата се:

а) мониторинг на имплементација на изборното ветување за искоренување на менструалната сиромаштија и начините на кои планирале тоа да го остварат

Б) едукација на локалното население/младите/девојчињата како да го остварат своето право на отчетност за изборните ветувања

Како дел од активностите на иницијативата „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување“ спроведена од Балканска Водна Мрежа во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), беше изработена и Трошковна анализа на цената на менструалните производи за потребата на средношколките на територија на Град Скопје, со низа заклучоци и препораки за справување со менструалната сиромаштија и исполнување на изборните ветувања.